Македонија запиша висок пораз на отворањето на Светското првенство во Египет, откако со 32-20 го загуби натпреварот против селекцијата на Шведска. Момците на Данило Брестовац потфрлија во секој сегмент од играта против разиграните Скандинавци, а Филип Талески вели дека не треба да се бараат алиби за лошата игра и побара трпение од македонската ракометна јавност и од фановите.
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски беше самокритичен за прикажаната игра на вчерашниот натпревар против Шведска. Според него, Македонија тотално потфрли во одбраната и мора да се поправи во тој сегмент доколку сака успех на преостанатите два меча со Египет и Чиле.
Македонската ракометна репрезентација има слободен ден на Светското првенство во Египет, кој треба да го искористи за и тоа како голема и длабока анализа на синоќешната партија на отворањето на шампионатот против Шведска.
Кога ќе се погледнат бројките од првиот натпревар на Македонија на Светското првенство може да се заклучи една работа - одбраната мора да покаже дека знае повеќе.
Македонската репрезентација со многу проблеми стартуваше на Светското првенство во Египет. Првиот натпревар за нашите репрезентативци донесе пораз од Шведска и тоа со убедливи 32-20.
Веројатно од последното Европско првенство во Австрија, Шведска и Данска мораме да го промениме „чипот во главата“ и да се преориентираме со нашите очекувања од големите приредби. Не сме ни блиску до изграден и зрел национален тим, па не е коректно ни да го споредуваме со оној од Србија 2012, Катар 2015 или Хрватска 2018 година. Тоа мора да ни биде појдовна точка и во Египет, на овој за нас неочекуван Мундијал, и на следните големи приредби.
И без многу познати имиња кои недостигаа, Шведска ја надигра Македонија и со победа од 32-20 го отвори Светското првенство. Момците на Данило Брестовац се соочија со поквалитетен и похомоген тим, па епилогот беше јасен и очекуван.
Македонија загуби од Шведска со 32-20 (16-11) на деби натпреварот на 27-то Светско првенство во ракомет во Египет. Избраниците на Брестовац парираа само една четвртина, а потоа шведскиот квалитет исплива на површина и поразот беше неминовен.
Последниот македонски гол во првиот дел од натпреварот против Шведска во Каиро е вистинско ремек-дело. Лазаров со врзани очи ги познава своите соиграчи и противничката одбрана, која делува многу моќно, па мораше да ја надмудри со летечки погодок.
Првото полувреме на македонската репрезентација на Светското првенство во Египет донесе игра со многу технички грешки кои Шведска ги искористи за да стекне заслужено водство (16-11).
Капитенот Кирил Лазаров има милион решенија кога е очи в очи со противничките голмани, па едно од нив искористи и за изведување на седмерец против шведските голмани.
Младиот стружанец Цветан Кузманоски во последен момент влета во ростерот за Египет, откако Бојан Маџовски скрши прст на натпреварот против Чиле во неделата. Ракометарот на Еурофарм Пелистер одушевува со својата зрелост и доби шанса и во стартниот тим против Шведска.
Македонија редовно ги користи сите три гарнитури и комбинации на бои на дресови кога игра на големите собири. Редовно ги менува црвената, жолтата и белата боја, а некогаш дури и од сувеврие користи дресови со кои најчесто победува.
На еден час пред натпреварот против Шведска, селекторот на нашиот национален тим, Данило Брестовац се одлучи за тимот кој ќе го отвори турнирот. Од повиканите на шампионатот, не се пријавенои Даниловски, Младеновиќ, Серафимов и Крстевски. Четворицата ќе се најдат на трибините и ќе чекаат можност за настап в сабота против Египет.
Ракометна Македонија вечерва повторно ќе биде во фокусот на вниманието, откако како прва резерва во последен момент влета меѓу учесниците на Светското првенство во Египет.
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го има своето деби на Светското првенство во Египет, а спортските услови во Каиро не се баш сјајни за нашите ракометари.
Македонија како прва резерва, во последен момент, влета во игра за настап на Светското ракометно првенство. На еден ден од стартот на шампионатот, Ракометната федерација на Македонија ја доби посакуваната покана од ИХФ, со што продолжува традицијата на настапи на нашите ракометари на големите натпреварувања.
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе го има своето деби на Светското првенство во Египет и на модерната арена „Каиро Стадиум“ ќе се судри со фаворизираната селекција на Шведска.
По денешниот прв тренинг на африканско тло, македонската ракометна репрезентација има неколку часа за тактичка подготовка на натпреварот против Шведска. Тешко е до детаљ да се скаутира противникот, бидејќи Шведска за првпат ќе игра во вака шаренолик состав, а и ние нема да бидеме налик на Европското првенство во Виена минатиот јануари.
Денешениот втор ден нуди седум натпревари од првото коло на Светското првенство во ракомет во Египет. По вчерашната победа на Египет над Чиле, првото коло од групата Г ќе го комплетираат Шведска и Македонија.
Подмладената репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, младите ракометари мора да кренат глас и да покажат дека треба посериозно да се смета на нив. Ако на претходните големи собири селекторите патуваа со поголем број искусни момци, сега сликата е променета. Иако без неколку важни имиња, Лазаров, Стоилов, Пешевски, Маркоски, Митревски и останатите мора да покажат што знаат.
Шведската репрезентација во последен момент ќе мора да менува тактика. На првиот меч наместо против Чешка, ќе игра со Македонија, која како прва резерва влета во конкуренција непосредно пред почетокот на Светското првенство.
Уште од вечерва стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација започна да го подготвува нашиот прв натпревар на Светското првенство, оној во четврток со четирикратниот светски шампион, Шведска.