Даниел Дупјачанец е најискусното име во составот на Металург. Голманот и капитен на тимот, по натпреварот против Фајверс и новиот европски пораз (45-30) истакна дека тимот потфрлил со играта во одбрана, а за мечевите потенцира дека се големо искуство за младите ракометари во ростерот.
Металург одигра нов европски натпревар и доживеа пораз на гостувањето кај Фајверс (45-30). По натпреварот, тренерот Оливер Димитриоски истакна дека проблемите со повреди и со ковид-19 си го направиле своеот, па Металург не бил во можност да се бори рамноправно.
Екипата на Металург тешко дека ќе победи некој на терен до крајот на групната фаза од Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда доживеа „потоп“ на гости кај Фајверс (45-30) во Виена и останува закован на дното.
Металург продолжува со набиената агенда во Лигата на Европа и само еден ден по средбата со Чеховски Медведи, замина за Австрија, каде ги чека натпреварот од деветтото коло на групната фаза, против екипата на Фајверс. Ова ќе биде четврти натпревар во Лига Европа, за само девет дена за екипата на Оливер Димитриоски.
Металург вчера пристигна во Виена, каде вечерва со почеток во 20:45 часот, ќе го одигра натпреварот од деветтото коло на групната фаза на Лигата на Европа, против екипата на Фајверс.
Продолжуваа маратонот на натпревари и патувања за македонскиот претставник во Европската лига, скопски Металург. Синоќа загубија од Чеховски Медвеви, а денес заминаа на пат за Виена, каде во вторник ќе се сретнат со Фајверс во натпреварот во кој полагаат големи надежи за прва европска победа сезонава.