Даниел Дупјачанец имаше солидна партија меѓу стативите на Металург, ама македонскиот претставник не успеа да дојде до позитивен резултат на гостувањето кај Тулуз (33-29). По првиот меч во Европската лига на ЕХФ, најксусниот ракометар на Металург говореше за медиумите.
Зоран Кастратовиќ, стратегот на Металург, на прес-конференцијата по мечот против Тулуз и стартниот пораз (33-29) во Европската лига на ЕХФ потенцира дека одбраната на тимот од Автокоманда потфрлила, а пресудиле и промашените зицери.
Македонскиот претставник Металург со пораз кај Тулуз (33-29) ја отвори групната фаза во Европската лига на ЕХФ и покрај добрите моменти и блесоци во одредени делови од средбата која се играше без присуство на гледачи.
Ракометарите на Металург доцна синоќа пристигнаа во францускиот град Тулуз и поради тоа не беа во можност да го одржат стандардниот тренинг 24 часа пред натпреварот.
На проблемите кои неколку години го влечеа само на назад, полека им се гледа крајот. Металург повторно наликува на оној стариот, кој ја правеше Македонија горда на многу меѓународни натпревари.
Металург ги одбројува часовите до мечот со Тулуз и дебито во Европската лига на ЕХФ. Големи се очекувањата на екипата од Автокоманда оваа сезона, а за Gol.mk пред првата средба зборуваше хрватското крило Златко Хорват.
Екипата на Металург ќе ја отвори сезона во Европската лига со гостување кај Тулуз. Тимот од Автокоманда ќе го предизвика францускиот прволигаш во вторник со почеток од 18:45 часот.
Екипата на Металург „летна“ за Тулуз, Франција, каде утре момците на Зоран Кастратовиќ ќе го имаат премиерниот настап во новоформираното натпреварување на ЕХФ, Европската лига.
Металург пријави два позитивни случаи на коронавирус, еден ракометар и еден член на стручниот штаб, а од играчите позитивниот е македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.