Реприза на ланското полуфинале на женскиот „фајнал-фор“ во ЛШ

Европската ракометна федерација - ЕХФ ја одржа ждрепката за „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите за дами, по комплетирањето на четвртфиналните средби овој викенд. 

Среќата посака да има реприза на ланското полуфинале во кое шампионот Ѓер ќе се судри со Есбјерг, додека дебитантот Оденсе налета на француски Мец. Веќе се познатит и термините за натпреварите кои стандардно ќе се играат во „МВМ Доме“ во Будимпешта. 

  • Полуфинални термини во Лигата на шампионите:

31 мај
Ѓер - Есбјерг (15:00 часот)
Мец - Оденсе (18:00 часот)

Финалниот натпревар е закажан за в недела во 18:00 часот на истото место, откако претходно ќе се комплетира средбата за третото место.