• Мартин Танасковски
Екипите на Барселона и Веспрем обезбедија место во големото финале на ИХФ Супер Глоуб турнирот кој традиционално се одржува во Египет.
Барселона во вториот натпревар од групната фаза убедливо го совлада Замалек од Египет со резултат 39-29 и со втората победа дојде до место во мечот за трофеј.
Друштво на шпанскиот гигант ќе му прави унгарски Веспрем, кој имаше одличен финиш против бундеслигашот Фуксе Берлин и откако се врати од два гола негатива, триумфира со 34-33.
Овој меч ќе биде реприза на ланското финале во кое Барселона по продолженија го победи Веспрем со 31-30.
Финалето на Супер Глоуб турнирот се игра на 1 октомври од 20:00 часот.




