Реми за Лазаров во Словенија, Манасков и Штербик го срушија Монпелје

Второ гостување по ред во Лигата на шампионите, Нант на Кире Лазаров ремизира на гостински терен, а како и во Хрватска, и во Словенија прокоцка победа против тимот на Целје Пивоварна Лашко (29-29). Со примен гол во последните мигови, европскиот вицешампион се врати со еден бод, наместо со планираните три.

Кире Лазаров постигна четири гола, а во неговиот тим се истакнаа уште Делакруа со шест гола и Пешмалбек со пет погодоци. Кај словенечкиот шампион најпозитивни беа Бранко Вујовиќ со шест и Тилен Кодрин со пет гола.

Барселона немилосрдно „гази“ и го декласира Мешков Брест со 42-31, a сите домашни ракометари се запишаа меѓу стрелците. Н'гесан и Томас со по шест гола беа најефикасни. Веспрем го надигра Монпелје со 25-19, а нашиот Манасков постигна четири гола. Во тимот на Давид Дејвис, одличен беше и Арпад Штербик со 15 интервенции на голот.

Драма имаше на дуелот во Данска, каде Силкеборг го победи првакот на Португалија, Спортинг со 29-28.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПортоПорто 0 0 0 0 0:0 0 0
1 Мешков БрестМешков Брест 0 0 0 0 0:0 0 0
1 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ВардарВардар 0 0 0 0 0:0 0 0
1 КиелцеКиелце 0 0 0 0 0:0 0 0
1 МонпелјеМонпелје 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ВеспремВеспрем 0 0 0 0 0:0 0 0
1 КилКил 0 0 0 0 0:0 0 0