• Зоран Мишевски
Данско-унгарското финале на ЕХФ Купот во женска конкуренција не донесе победник во првиот натпревар за титулата. Пред реваншот во Унгарија, данскиот Есбјерг само ремизираше против Шиофик од Унгарија (21-21) и возвратниот натпревар следниот викенд ќе го даде одговорот на победникот во натпреварувањето.
- Солберг против Солберг во финалето на ЕХФ Купот:
Двете голманки Сије Солберг и Тофт со по 19 интервенции беа најзабележителни поединци на натпреварот. Меѓу стрелците се истакнаа Сана Солберг со шест и Кристине Брестол со пет гола за Есбјерг и Андреа Кобетиќ со шест ои Нзе Минко со пет погодоци за Шиофик.
- Драматичниот финиш на натпреварот:
Возвратниот натпревар се игра во Балатон на 11 мај.