Реми во Германија во македонското дерби меѓу Саздовска и Ристовска

Сара Ристовска и Крим Меркатор извлекоа реми во македонското дерби во рамките на шестото коло од групата Ц во Лигата на шампионите. Словенечкиот првак одигра 26-26 на теренот на бундеслигашката екипа Турингер на нашата Јована Саздовска.

Ланг со седум гола беше прв стрелец кај домаќините, а Цакалу постигна седум гола кај гостинките. Ристовска запиша три гола во тимот на Крим Меркатор, а Јована Саздовска не се запиша во листата на стрелци.

Ѓер со максимални 12 бода е лидер во групата, а Крим со шест бода е второпласиран, па двете екипи ќе го продолжат натпреварувањето. Во следната групна фаза ќе игра и Турингер, а хрватскиот претставник Подравка е елиминирана.