Реми на Еурофарм Пелистер во „Златорог Арена“ на првиот тест годинава

Еурофарм Пелистер ремизираше против првакот на Словенија и учесник во групната фаза на Лигата на шампионите, Целје Пивоварна Лашко во првиот тест во новата година. Дуелот во „Златорог Арена“ заврши 26-26 (9-12), со подобра игра на битолчани во првото и на Словенците во второто полувреме.  

Првиот дел мина во знакот на капитенот на битолчани, Градимир Чаневски кој бранеше зицери и еден седмерец и им даде самодоверба на соиграчите. Тоа умешно го искористија Граџан и Мандалиниќ кои со по четири гола донесоа предност од три гола на полувреме (9-12). 

Вториот дел започна со изменети состави, Бабиќ им даде шанса на Мараш и Кукуловски, а Хоржен блесна кај Словенците, Брзата игра повеќе им одговараше на домаќините и во 42. минута израмнија на 18-18, па гостинскиот стручен штаб побара минута одмор. Следеше реакција, два гола на Периќ и еден на Ојлески за 19-22 на средина од вториот дел. Словенците започна серија и дојдоа до израмнување на дванаесет минути до крајот (22-22). Се играше гол за гол во самиот финиш, а одлучија последните два напади. Разгор реализира седмерец, а потоа Мараш на пет секунди до крајот ги постави финалните 26-26.

Пријателски натпревар:
Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 26-26 (9-12)

Спортска сала: „Златорог Арена“ - Целје

Целје Пивоварна Лашко:
Штрасер (1 одбрана), Габершек (7 одбрани), Цветко 2, Разгор 4, Цокан 2, Качичник 1, Грошељ 2, Потеко 1, Чепиќ 2, Јанц 2, Хоржен 5, Кнез, Млакар 2, Лебан, Начиновиќ 3

Седмерци: 4/2
Исклучувања: -

Еурофарм Пелистер:
Чаневски (12 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Мараш 2, Ојлески 3, Кукуловски 1, Атанасиевиќ, Мандалиниќ 7, Стјепановиќ 2, Радовиќ 1, Периќ 3, Вегар, Кукоски, Граџан 5, Ѓукиќ 2

Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути

Следниот контролен натпревар Еурофарм Пелистер го игра во сабота против ППД Загреб.