• Зоран Мишевски

Ракометарите на Охрид попладнево патуваат во Битола, каде ќе одиграат натпревар против првакот Еурофарм во рамките од четвртото коло од плеј-офот во Суперлигата.
На крилата на ентузијазмот по европските победи, момците на Ројевиќ очекуваат нов успех.
„Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната. Двата тима играме на високо ниво и со добра подготовка и менталитет мислам дека имаме шанса за победа“, изјави Шпанецот Ориол Реј Моралес.
Натпреварот се игра попладнево од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“. Претходно сезонава двете екипи запишаа победи на домашен терен.

