Реистад е МВП, признание и за младата Лојхтер: Познат идеалниот тим на СП

Репрезентацијата на Норвешка го освои трофејот на Светското првенство со победа над Германија во финалето (20-23) во Ротердам. 

По крајот на турнирот прогласени се и најдобрите ракометарки. За МВП е избрана Хени Реистад, најдобра млада ракометарка е Виола Лојхтер, а интересно е дека најдобра голманка е 45-годишната Катрин Лунде. 

  • Најдобрите на Светското првенство:

МВП: Хени Реистад
Најдобар млад играч: Виола Лојхтер
Голман: Катрин Лунде (Норвешка)
Лево крило: Анти Дол (Германија)
Лев бек: Емили Вогел (Германија)
Среден бек: Бруна Де Паула (Бразил)
Десен бек: Дион Хушер (Холандија)
Десно крило: Емили Ховден (Норвешка)
Кружен напаѓач: Сара Буктит (Франција)

Норвежанките се вратија на светскиот трон по пауза од четири години, откако на минатото издание беа сребрени. Претходно во „малото“ финале победата ја однесе минатиот светски првак Франција.

ФОТО/PHOTO: IHF