• Саше Љолес
Репрезентацијата на Франција се нови светски шампионки во сениорска категорија, а од Интернационалната ракометна организација (ИХФ) ги објавија и ракометарките кои припаѓаат на Ол-Стар тимот на Мундијалот.
Две ракометарки доаѓаат од редовите на новиот светски владетеп, а тоа се Клои Валентини и Естел Нзе Минко, кои беа избрани за најдобар лев бек и лево крило. МВП на првенството е неверојатната Норвежанка Хени Реистад, а за најдобар млад играч беше избрана Виола Лохтер од Германија.
Најдобро десно крило е Натали Хагман од Шведска, најдобар десен бек Луиз Бургард од Данска, а Маркета Јерабкова од Чешка е најдобар стрелец на првенството. Франција по третпат во историјата стигна до шампионскиот трофеј од Светските првенства, а воедно за првпат ја победи Норвешка во големите финалиња. Претходно Французинките трипати губеа во натпреварите за златниот медал.