Рецепт за успех во Келн: Исфрлете ја Барселона во полуфинале и трофејот е ваш!

Екипата на Магдебург го освои трофејот во Лигата на шампионите, откако слави во германското финале против Фуксе Берлин со 26-32. 

И одново се покажа дека за успех во „Ланксес Арената“ и за да заминеш со трофеј од Келн, рецепт до успехот е да ја исфрлите Барселона! 

Тоа им појде од рака на три тима, но во пет различни наврати откако се игра овој формат во елитното натпреварување. Првиот кој ја исфрли Барселона во полуфиналето и потоа преку Кил го обезбеди трофејот беше Флензбург во 2014 година. Потоа во оваа низа се приклучува Вардар кој на патот до двата европски трофеи мина преку Барса во полуфиналната фаза, а потоа преку ПСЖ и Веспрем стигна до големите успеси.

Сега, по вторпат тоа го направи и Магдебург. Германскиот тим во 2023 година и сега повторно го исфрлаше најтрофејниот во полуфиналето, па потоа преку Киелце и Фуксе го освојуваше трофејот.