• Мартин Танасковски
Непосредно пред стартот на новата сезона во Суперлигата, македонскиот ракометен клуб Бисинов Фруитленд реши да се ребрендира и во елитното друштво ќе игра со името на велешката гордост Борец.
Сите документи се поднесени, веќе се во продецура, па се очекува наскоро да дојде и потврда за промената на името и на клупското лого. Стартот на Борец Фруитленд на домашен терен е против Еурофарм Пелистер, па се очекува дотогаш да бидат готови работите.
Инаку, Борец Фруитленд новата сезона ја стартува на гости кај Струга. Целта на велешкиот клуб е да се избори за опстанок во лигата.
Велес повторно ќе гледа суперлигашки ракомет, а последен пат кога беше во елитата беше кога играше Борец. Ракометната гордост на градот се соочи со голем финансиски проблем и испадна, а во самостојна Македонија, Борец беше првак во 1995 година.