Реал Мадрид по 67 години одново ќе има ракометен тим, условот е еден!

Доколку Енрике Рикелме биде избран за нов претседател на Реал Мадрид, клубот би можел да влезе во нова ера со амбициозни планови за спортската инфраструктура и нефудбалските секции.

Иако засега нема официјална најава за ракометен проект, дел од навивачите веќе се прашуваат дали во иднина е можно враќање на ракометот во клубот.

Реал Мадрид претходно имал ракометна секција во периодот од 1952 до 1959 година, при што го освои шпанското првенство, пред оваа секција да биде укината.

Во моментов, сето ова останува само на ниво на шпекулации. Но, доколку Рикелме победи на претседателските избори, се поставува прашањето дали еден од најголемите спортски клубови во светот би можел повторно да се врати во професионалниот ракомет.