ВИДЕО: Реакцијата на Вујо говори сè, како Вардар го загуби мечот во Загреб

Македонскиот ракометен шампион одново ги разочара своите фанови и го забележа седмиот пораз во низа во Лигата на шампионите. Во балканското дерби во елитата, вардарци со празни раце си заминаа од гостувањето во Загреб, иако пред финишот имаа позитива од три гола против хрватскиот шампион. 

Во моментите кога се кршеше резултатот, „црвено-црните“ потфрлија во двата правци, особено во нападот, а голема заслуга за тоа има домашниот голман Славиќ. Најпрво, на три минути до крајот Славиќ му одбрани зицер на Гаџа, за водство на Вардар од 22-23, а потоа го одбрани и топовскиот удар на Моралес. Разочарувањето во редовите на македонскиот тим беше огромно, а реакцијата на тренерот Веселин Вујовиќ во тие моменти говори сè за кризата во која се наоѓа двојниот европски шампион. 

  • Клучните одбрани на Славиќ и реакцијата на Вујовиќ во Загреб:

Простор за детална анализа нема, затоа што Вујо и Вардар за една седмица ги чека клучниот натпревар во домашниот шампион, гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер.