ВИДЕО: Разбранетиот Гедбан го „стопи“ ударот на Јуркиевич за петта најдобра одбрана

Големото дерби меѓу Вардар и Киелце во завршницата го одбележа Калифа Гедбан, голманот на македонскиот шампион, со неколку добри интервенции.

Една од нив се најде меѓу најдобрите пет за изминатото коло во Лигата на шампионите. Перфектниот рефлекс во дуелот со Мариуш Јуркиевич се најде на петтото место во големата конкуренција изминатиот викенд.

Одбраната на првиот голман на вардарци може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Алжирскиот интернационалец во последните моменти од мечот одбрани уште еден напад на противникот и им овозможи на своите соиграчи да играат за победа. Но, обидот на Сташ Скубе во завршницата беше неуспешен, па екипите ги поделија бодовите на теренот во Скопје.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4