Раул: Знаеме и можеме да играме убав ракомет, но мора да бидеме тим!

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, првпат работи со олку млад состав во таборот на „црвено-жолтите“. Токму затоа, со мала доза на претпазливост го најавува претстојниот Мундијал во Германија и Данска, за кој вели дека нашиот национален тим мора да игра како тим и да се биде максимално претпазлив на првиот натпревар.

„Досега на подготовките се е според планот. Ќе играме и два пријателски меча со Србија и ќе видиме како ќе ни оди. Јас знам дека пријателските не се како официјалните, но верувам во овој тим и знае и може да игра убав ракомет. На претстојните пријателски средби сите ќе добијат шанса, за да се подготвиме што подобро на турнирот. Мислам дека треба да одиме чекор по чекор и да имаме почит кон секого. Македонија има ниво, но мора да се фокусира на првиот меч, а не на тоа што ќе се случи и што следи потоа. Нашиот прв противник Јапонија играше против Полска и Чешка и одигра одлично. Мора да го победиме првиот натпревар, а потоа ќе мислиме на вториот меч. Околу целта на ова Светско првенство не би сакал да зборувам што ќе биде, сакам само да играме како екипа, само така можеме да успееме“, изјави Раул.

Двата пријателски меча со Србија се играат на 5 и 6 јануари и ќе бидат „генералка“ пред Мундијалот. Селекторот наскоро ќе го објави и финалниот список на ракометари кои ќе ги води во Минхен. Нашата делегација патува за најголемиот баварски град на 9 јануари.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0