Раул: Забележавме уште една победа, тоа е најважно

Ракометарите на Вардар со победа го завршија регуларниот дел од СЕХА лигата, а со тоа македонскиот клуб стана единствен што успеал да ја заврши сезоната со најмногу бодови досега во историјата на СЕХА лигата и со најмногу победи. Досегашниот рекорд го имаше Веспрем, со 16 победи и две ремија, а вардарци сега имаат 17.

„Нексе денеска играше добро. Првото полувреме не функциониравме најдобро, второто беше малку подобро. Но имаме уште победа , тоа е најважното, сега ќе одмориме малку и ќе се спремаме за Ф4 турнирот“, изјави Раул.

Игор Карачиќ вели дека во вториот дел Вардар го покажал своето вистинско лице. 

„Нексе беше денеска одлично подготвен, а ние влеговме малку лошо во првиот дел, но во вториот дел притиснавме и со помош на некои играчи кои беа распожени дојдовме до победа со која влеговме во историјата на СЕХА. Сега останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 во СЕХА и за Лигата на шампионите“, изјави Карачиќ.

За Вардар сега следува пауза, пред стартот на дуелите од македонскиот плеј-оф, а потоа ќе има и репрезентативна недела, па ќе следува главното во сезоната. Завршниот турнир во СЕХА,  а потоа и четвртфиналето од Лигата на шампионите.