ВИДЕО: Раул во неверица по голот на холандското „џуџе“ над блокот на „џиновите“ на Веспрем

Францускиот ракометен гигант Пари Сен Жермен со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Парижани го загубија лудиот натпревар против Веспрем, но еден потег на холандскиот репрезентативец Лук Стајнс го одбележа големото дерби во групата Б.

Имено, ракометарот на францускиот шампион, постигна гол од скок-шут, што не би било чудно доколку Холанѓанецот висок 172 сантиметри пред себе ги немаше „џиноците“ Благотиншек и Сипош. Ниту неговите соиграчи, ниту стручниот штаб дефинитивно не се навикнати на вакви сцени, за што сведочи урнебесната реакција на Раул Гонзалез и останатиот дел од клупата на францускиот тим.

  • Голот на Стенс над блокот на „џиновите“ на Веспрем:

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков остана без учинок во дербито, најефикасен на теренот беше Јахја Омар со десет, пред Штрлек со осум гола, додека кај ПСЖ седум пати реализираше Микел Хансен.