Раул: Нашата одбрана беше вистинска перфекција!

Вардар како европски гигант го прегази шведски Кристијанштад во Лигата на шампионите, а Раул Гонзалез, стратегот на македонскиот тим, по натпреварот беше видно задоволен од играта на своите избраници и карактерот кој го прикажаа во последниот натпревар од 2017 година во Лигата на шампионите.

„Пресреќен сум за оваа победа. Тешко е да се игра против Кристијанштад, знаеме какви проблеми имавме лани со нивната брза игра. Ја проучивме нивната игра, од мечевите со Барселона и Сегед. Со оваа победа ситуацијата во групата е многу добра. Ние сме прво место, задоволни сме. Одигравме одлична одбрана, која посебно се истакна денес од цела сезона. Функционираше и нападот и контранападот, па дојдовме до триумф. Моите играчи дадоа се од себе и горд сум на нив“, изјави Гонзалез.

Вардар ќе презими во Лигата на шампионите како лидер, а со настапите во групата А продолжува напролет, кога гостува кај Барселона во февруари.