Раул: Сигурен сум дека ќе ни се укаже шанса против Шпанија (ВИДЕО)

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

За разлика од групата во Загреб на Европското првенство минатата година, Македонија овој пат наиде на пречка и потребен е карактер да се надмине и да се отпочне нова серија на успеси. Споредено со трите натпревари во Вараждин, сега сите наши ракометари се здрави, а Раул е таинствен и кова стратегија за неговата Шпанија.

Пред денешниот тренинг, најомилениот Шпанец во Македонија ни изјави.  

„Кога играш против Хрватска, Германија, Шпанија, мора да играш 100% од самиот старт. Го анализиравме натпреварот против Хрватска, видовме каде треба да ги поправиме грешките. Од денес треба да се фокусираме на Шпанија. Треба да играме најдобро што знаеме и можеме, само така ќе имаме шанса. Шпанија има добри, искусни играчи, тие се фаворити, но сигурен сум дека ќе ни се укаже шанса“.

Погледнете го комплетниот разговор со Раул Гонзалез:

На почетокот на натпреварот во Вараждин минатата година, Кире Лазаров се повреди и Шпанија на Жорди Рибера полесно од предвиденото прокнижи значајни бодови.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0