Раул: ПСЖ дома нема пораз од 2014? Тоа не гарантира трофеј во ЛШ!

Раул Гонзалез се искачи на европскиот врв со Вардар, па потпиша со Пари Сен Жермен каде има исто така задача да го донесе пехарот во „градот на светлината“. Францускиот гигант игра одлично оваа сезона во елитата, но...

И покрај добрите игри, некогашниот македонски селектор вели дека не смее да се брза со заклучоците. Дециден е дека треба да се оди чекор по чекор, а бројките и статистиките не му важат предвреме.

„Бројките за мене се само анегдоти. И покрај тоа што ПСЖ нема пораз на домашен терен од 2014 година, тоа не значи дека ќе победиме во Келн во јуни. Турнирот е многу, многу далеку и може да се случат многу работи во меѓувреме. Долг е патот до европскиот врв“, изјави Гонзалез.

ПСЖ како лидер во групата „Б“ се пласира директно во четвртфиналето, каде исто така е и Барселона.