• Горан Упале

Стартот на премиерната сезона во новоформираната Регионална ракометна лига ќе донесе неколку интересни пресметки уште во првото коло, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Партизан.
Битолчани на стартот ќе се соочат со српскиот шампион, кој од ова лето е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез. Така, шпанскиот стратег повторно ќе се судри со „зелено-белите“ против кои имаше судири и во Лигата на шампионите.
Интересна приказна носи и вториот македонски претставник. Борис Ројевиќ, кој од минатото лето седна на клупата на ГРК Охрид, сезоната ќе ја отвори токму против својот поранешен клуб Војводина, со кој испиша успешни страници во кариерата.
Во првото коло ќе се сретнат уште Динамо Панчево и Будва, како и Ловќен против Дубочица 54, додека Вардар 1961 и Алкалоид ќе бидат слободни.
Новата сезона во Регионалната лига започнува на 23 август, а уште првото коло ветува возбудувања и неколку дерби пресметки.
Комплетниот распоред може да го погледнете на ОВОЈ линк:





