Раул не мрда од Париз и ќе ја продолжи соработката со „принцевите“

Раул

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез, нема план да си замине од екипата на Пари Сен Жермен.

Блиски соработници на шпанскиот стратег најавуваат дека наскоро ќе биде официјализирано продолжувањето на соработката меѓу двете страни. 51-годишникот не сака да си замине без да постигне некој голем успех со францускиот гигант.

„Раул тука има сè што му треба. И тој сака да победи во Париз. Нема да биде комплицирано, наскоро двете страни ќе ги откријат плановите за наредните години“, гласи пораката од изворот.

Отсуството од успех во Лигата на шампионите на момент ја замисли управата на ПСЖ. Според францускиот весник, пред одреден период се разгледуваше опцијата да се достави понуда за јапонскиот селектор Дагур Сигурдсон.

Раул, кој ја донесе првата европска титула во Македонија, се приклучи на клубот од француската престолнина во 2018 година.