Раул: Нашата одбрана профункционира кога најмногу требаше

Раул Гонзалез, стратегот на Вардар, донесе уште еден трофеј во „црвено-црните“ витрини. Македонскиот гигант ја освои СЕХА-лигата, а по дуелот, шпанскиот стратег му честита на својот тим за прикажаната игра.

„Честитки за Загреб, играа доста добро. Беа перфектни и дадоа добар отпор. Игравме добро во нападот и во одбраната, тоа беше клучот за победата. Загреб играше се подобро во мечот, но ние почнавме да се браниме добро со одбранбена зона 5-1 и направивме разлика. Имавме еден гол предност во првиот дел, но во вториот дел драстично се подобривме. Погодивме и неколку лесни контри. Сега ни останува да се одмориме за нашите наредни предизвици“, изјави Раул.

Вардар по освоената титула во СЕХА-лигата се насочува кон Лигата на шампионите, каде го чека четвртфинален двомеч со Кил.