• Зоран Мишевски

Вардар победнички стартуваше во новата Лига на шампиони, откако во Шведска го совлада Кристијанштад со 23-28 и потврди дека е веќе искусен тим за да слави во вакви натпревари.
„Честитки до Кристијанштад, играа одличен натпревар. На почетокот одигравме добра 5-1 одбрана, но и тие беа одлични во нападот. Потоа сменивме, а имавме и доста лесни голови. Среќни сме дека победивме тука, знаевме дека ќе биде тешко зашто Кристијанштад има млада но надежна екипаи, и на сите други екипи ќе им биде тешко да играат на овој терен“, рече Раул Гонзалез.
Момците на шпанскиот тренер веќе во среда играат со Горење во рамките на СЕХА лигата, а потоа го дочекуваат тимот на Мешков Брест на 1 октомври во Скопје во рамките на Лигата на шампионите.