Раул: Миркуловски и Прибак направија многу, но животот е таков – време е за младите!

Селекторот Раул Гонзалез заедно со неговиот асистент Роберто Гарсија Парондо се веќе на тренинзите на Македонија. Активно се работи, се подготвува за Мундијалот, но амбициите овој пат за разлика од претходно се скромни.

Предводникот на Македонија работи со сите ракометари, со исклучок на Филип Талески. На тренинзите се тренира одбрана, а кога ќе дојде ракометарот на Рајн Некар Левен, односно за два дена, ќе почнат тренинзите и во нападот.

„Не знам како ќе изгледаме на Светското првенство, затоа што се уште е многу рано. Имаме време да се спремаме. Само што почнавме да ја тренираме одбраната, а кога ќе дојде Филип Талески ќе почнеме да работиме и во напад. Многу е рано да знаеме каква ќе биде нашата репрезентација, засега сите се здрави, на располагање се, ни фали само еден играч кој е важен за нашиот тим“, изјави Раул Гонзалез.

Македонија за разлика од претходните собири ќе биде доста подмладена на терен. Раул како и секогаш е скромен, не сака да дава прогнози и најавува дека ќе се оди чекор по чекор. Сите очи се вперени кон првиот предизвик, а тоа е Јапонија.

„Не знам како ќе делува тимот на терен, не можеме да дадеме пример затоа што не сме играле мечеви во овој состав. Кога ќе играме ќе видиме. Имаме промена, некои не може да дојдат и јас треба сега да работам со сите играчи. Што се однесува до групата, преферирам да се фокусирам на првиот натпревар со Јапонија. Не знам како ќе биде по истиот, одиме чекор по чекор, ќе направиме анализа на сите противници. Се очекува добар старт, но не знаеме многу за ривалите. Тие имаат пријателски мечеви и ќе ги анализираме. Не сакам да зборувам како ќе биде и што ќе биде, затоа што треба прво да се стегнеме и максимално да тренираме. Лесно е според планот, но теренот е мерило за резултатите“, додаде селекторот.

Најнеизвесно ќе биде на позицијата среден бек, каде ќе ги немаме Миркуловски и Прибак. Ќе дојдат нови млади ракометари, а можно е Кирил Лазаров да игра на среден бек, ако се оди по неговите партии во дресот на француски Нант.

„Оваа година ги немаме Миркуловски и Прибак. Тие направија многу за Македонија, бев задоволен со нив, но животот е таков, доаѓаат помладите и сега во тимот има други играчи. Што се однесува до Кире Лазаров и неговата опција за среден бек, тој е врвен играч, најважен за оваа репрезентација. Киро и Борко Ристовски ни се најстари, но се најважни за нас. Киро секогаш игра добро, ќе видиме што ќе биде“, дециден е Раул.

Пред заминувањето за Германија, ќе се играат два пријателски меча со Србија во Скопје, кои ќе бидат за воигрување на новиот тим.

„Пред СП ќе играме два меча со Србија. Но, пријателски натпревари се пријателски натпревари. На нив ќе испробуваме варијанти и ќе се спремаме за настапот. Тие се во рамки на подготовките и ќе бидат различни за разлика од дуелите на Светското првенство“, заврши предводникот на нашиот национален тим.

Тестовите против Србија се закажани на 4 и 5 јануари во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот меч е од отворен карактер, додека вториот е затворен. Заминувањето за Германија е на 8 јануари, додека првиот меч со Јапонија ќе се игра на 11 јануари.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0