• Горан Упале

Францускиот ракометен гигант, Пари Сен Жермен, „бетонира“ две важни алки во својот тим. Тренерот Раул Гонзалез и првата ѕвезда на тимот Никола Карабатиќ потпишаа нови договори со парискиот клуб.
Поранешниот стратег на Вардар и Македонија стави потпис на договор до јуни 2025 година, додека искусниот ракометар соработката ја продолжи до летото 2024 година.
Раул пет сезони е на чело на парижани, откако претходно со четири години со големи успеси го предводеше нашиот шампион Вардар. Карабатиќ, пак, во Париз се пресели во 2015 од редовите на Барселона.
Желба на двете најзвучни имиња во редовите на ПСЖ е трофејот од Лигата на шампионите, за коj и оваа сезона францускиот гигант е сместен меѓу најголемите фаворити.