• Горан Упале
Селекторот на српската ракометна селекција Раул Гонзалез го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета на претстојното Европско првенство кое што се игра во Скандинавија.
Земјите учеснички имаа обврска да ги пријават играчите до почетокот на декември, а составите беа објавени на веб-страницата на ЕХФ. На списокот на шпанскиот стратег нема поголеми изненадувања, единствено враќањето во селекцијата на Миљан Пушица и Илија Абутовиќ, кои претходно се простија од репрезентацијата.
Во составот на Раул има четворица ракометари кои моментално настапуваат во македонската Суперлига.
Голмани: Милан Бомаштар, Владимир Цупара, Лука Кривокапиќ, Дејан Милосављев. Зориќ Никола
Бекови: Илија Абутовиќ, Вукашин Антонијевиќ, Урош Борзаш, Урош Цениќ, Никола Црноглавац, Аљоша Дамјановиќ. Стефан Додиќ, Урош Којадиновиќ, Милош Кос, Лазар Кукиќ, Марко Милосављевиќ, Урош Митровиќ, Јовица Николиќ, Миља Пушица, Марко Тасиќ,
Крила: Дарко Ѓукиќ, Немања Илиќ, Вања Илиќ, Милија Паповиќ, Младен Шотиќ. Марко Срдановиќ, Алекса Туфегџиќ, Вукашин Воркапиќ
Кружни напаѓачи: Марко Јевтиќ, Мијајло Марсениќ, Иван Миќиќ, Драган Пешмалбек, Лука Роган
„Орлите“ ќе играат во групата во Хернинг со селекциите на Германија, Шпанија и Австрија.








