Раул го повтори тимот од Скопје, Пасквал со двајца новајлии

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, ќе го пријави истиот тим кој во неделата ја совлада Романија со 32-24 во Скопје.

И покрај тоа што допатува во Клуж со поширок ростер на ракометари, шпанскиот стручњак пак им даде доверба на Борко Ристовски и Никола Митревски, а на трибините ќе остане Златко Даскалоски.

Кај Романците, селекторот Пасквал изврши една принудна замена на крилната позиција и го пријави Цок на местото на Росу. Исто така пријавен ќе биде пријавен и кружниот напаѓач Соаре на местото на Цабут.

Натпреварот се игра од 17.30 часот, а ќе судат германски делители на правдата.