• Горан Упале
Српската ракометна селекција е пред двата најважни натпревари оваа година. „Орлите“ ќе играат против фаворизираните Унгарци во двомеч за пласман на следното Светското првенство.
Интересот за првиот натпревар во „Чаир“ е исклучително голем, уште од пред повеќе од еден месец билетите се продадени, а овој пат Српската ракометна федерација одлучи да ја подигне организацијата на повисоко ниво, па за првпат во историјата, пред салата ќе биде поставен видео бим, за сите оние кои немаа среќа да обезбедат влезница.
Селекторот Раул Гонзалез го објави списокот на играчи на кои смета на овие натпревари. На истиот се најдоа четворица ракометари кои што настапуваат во Суперлигата - Вукашин Воркапиќ и Урош Митровиќ од Вардар, Урош Борзаш од Алкалоид и Дарко Ѓукуќ од Охрид.
Голмани:
Дејан Милосављев, Владимир Чупара, Лука Кривокапиќ
Леви крила:
Вања Илиќ, Марко Срдановиќ
Десни крила:
Вукашин Воркапиќ, Дарко Ѓукиќ
Кружни напаѓачи:
Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Иван Мичиќ
Бекови:
Милош Кос, Урош Борзаш, Никола Зечевиќ, Стефан Додиќ, Огњен Цениќ, Урош Којадиновиќ, Урош Митровиќ, Бранко Мирковиќ
Првиот натпревар е закажан за 14 мај во Ниш, а реваншот три дена подоцна во Веспрем.



