Раул: Македонија заслужено е на Мундијалот!

Македонија одигра колку што требаше на гостувањето во Клуж, па иако загуби од Романија со 26-25 во вториот бараж натпревар, се пласира на Мундијалот во Германија и Данска следната година. Селекторот Раул Гонзалез смета дека Македонија заслужено се пласираше на Светското првенство.

„Можеби изгледа дека беше лесно, но ние имавме контрола во целиот тек на натпреварот. Имаше притисок, направивме грешки и глупости, играчите дадоа се од себе, па ние заслуежно сме на Мундијалот, затоа што бевме подобри. Романците мораа да ризикуваат со седум на шест, но Борко бранеше добро и нашата одбрана беше одлична“, вели Раул.

Мундијалот ќе се одржи наредната година во Германија и Данска од 9 до 27 јануари, а изгледот на шеширите пред ждрепката ќе биде познат кога ќе се комплетира списокот со сите учесници од Пан Америка. Ждрепката ќе се одржи на 25 јуни во Копенхаген.