Раул: Бахреин е спротивен од Јапонија, да внимаваме и на гол-разликата

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Започна четвртиот ден на македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Германија и Данска. По доручекот, репрезентативците се подготвија за единствената тренинг сесија пред натпреварот со Бахреин. Селекторот прв се појави и одговорно реферираше како националниот тим го смени чипот од Јапонија н Бахреин.

Шпанскиот стручњак потенцираше како Бахреин играл со Шпанија и кои се тактичките разлика од дуелот со Јапонија.

„Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Треба да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Ако имаме шанса, ќе имаме и успех. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаа негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион, а Бахреин имаше и шанса за да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата, особено кога се игра во група. Ако е потребно ние имаме сега и добра разлика. Ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија, впрочем и различен тип на играчи имаат. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“, потенцираше нашиот селектор.

Како и во Загреб минатата година на Европското првенство, позитивниот почеток на групната фаза, буди нов оптимизам, нова енергија и фановите сонуваат со успех на националниот тим.

Утре пак на трибините на „Олимпија Хале“ ќе доминира „црвено-жолтата“ боја и песната на „Фалангата“. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0