Ратајац успешно опериран, се враќа на терените во 2020 година

Уште не започнала сезоната во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, вицешампионот Еурофарм Работник се соочува со проблем со повредени ракометари. Словенечкиот среден бек и ракометар кој дојде ова лето во Битола, Анже Ратајец се повреди на Струшкиот турнир, неизбежна беше операција и денес подлегна под нож за да ги реши проблемите со коленото.

За него голем дел од сезоната е завршена и се предвидува дека ќе се врати на ракометните терени по новогодишните празници.

Поранешниот ракометар на Горење и Тримо Требње има 28 години и уште пред три месеци за словенечките медиуми откри дека претставува голем предизвик што ќе игра за амбициозна екипа која ќе игра во европските натпреварувања. Сепак, повредата драстично ги менува плановите на битолчани, кои сега веројатно ќе се вратат на пазарот да ангажираат нов бек.

За утрешното деби во СЕХА лигата против Спартак Москва неизвесен е настапот на Митревски и Кукоски.