Ратајац се враќа по операцијата, ќе ги почне зимските подготовки со Еурофарм

Словенечкиот среден бек Анже Ратајец деновиве повторно е во Битола и со почетокот на зимските подготовки го очекува своето деби за македонскиот вицешампион Еурофарм Работник.

Ратајац се повреди на Струшкиот турнир и не дочека да одигра официјален натпревар за битолчани. Словенецот ги скина лигаментите од коленото, беше опериран и го привршува процесот на рехабилитација. 

Со назначување на новиот тренер, нешто што се очекува секој ден во Битола, ќе биде познат и планот на подготовки за вториот дел на сезоната. Ратајац по Божиќните празници ќе започне со припреми и ќе биде првото засилување за вториот дел од СЕХА лигата и Суперлигата на „фармацевтите“.

Поранешниот ракометар на Горење и Тримо Требње има 28 години и ќе ја зголеми конкуренцијата на надворешните позиции.

Еурофарм Работник ќе разигрува за четвртфинале на СЕХА лигата против Нексе Нашице од Хрватска