Распродадена половина сала, но Вардар го пролонгира рокот за сезонски билети

Продажбата на сезонски билети за натпреварите на eвропскиот првак Вардар продолжува до петок, 13 септември. На тој начин клубот сака да му излезе во пресрет на сите фанови кои поради продолжените празници не беа во можност да си купат сезонски билети.

Продажбата на сезонските билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот, до петок 13 септември, и онлајн преку www.ticketplus.mk

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
* Сите натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите
* Сите домашни натпревари од СЕХА Лигата
* Сите домашни натпревари од Суперлигата во Македонија
* Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето во Македонија

Онлајн продажбата функционира 24/7 и во секое време, од било каде можете само во неколку потези со користење на вашата платежна картичка да си го обезбедите местото на трибината во СЦ „Јане Сандански".

Онлајн сезонските билети може да се купат на следниот линк.

https://ticketplus.mk/SingleEvent/Index/449

Цена на сезонските билети:
*Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се:
- 2.200 денари за трибините
- 2.550 денари за А блоковите

Вардар во сезоната 2019/20 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Киелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.
Во СЕХА лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Пекинг Спорт Универзитет и Мотор Запорожје.

По завршувањето на овој рок веќе нема да се продаваат сезонски билети, а ќе почне сукцесивно пуштање во продажба на поединечни билети за секој следен натпревар.