Распоред на Вардар во ЛШ: Тргнува од Германија, завршува во Франција

Познат е распоредот за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите, а својот календар за сезоната 2026/27 го дозна и македонскиот првак Вардар 1961.

„Црвено-црните“ европската авантура ќе ја започнат на домашен терен против германскиот Мелсунген. Натпреварот од првото коло е закажан за 9 или 10 септември во Скопје.

Групната фаза Вардар ќе ја затвори со гостување во Франција кај Нант, во дуел кој може да има големо значење во битката за пласман во следната рунда од елитното натпреварување.

Македонскиот шампион ќе се обиде повторно да биде конкурентен на европската сцена и да обезбеди место во нокаут-фазата на најквалитетното клупско натпреварување во Европа.