Распоред на мечевите на ЕП: Отвораме со Швајцарија, затвораме со Норвешка!

Женската ракометна репрезентација на Македонија доби исклучително силна група за Европското првенство кое годинава се одржува во дури пет различни земји - Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски се најдоа во групата Б, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Швајцарија, Романија и светскиот шампион, Норвешка

На четврти декември отвораме против селекцијата на Швајцарија, два дена подоцна се среќаваме со ко-домаќинот Романија, а групната фаза ја комплетираме со дуелот против велесилата Норвешка на осми декември. 

Сите натпревари од групата Б ќе се одиграат во „БТарена“ во Клуж-Напока, која има капацитет од 10.000 седишта. Континенталниот собир трае од трети до дваесетти декември годинава.