Распоред на Македонија на СП 2027: „Самураите“ ќе бидат прв предизвик

Македонската машка ракометна репрезентација ќе го започне настапот на Светското првенство 2027 со дуел против Јапонија, согласно официјалниот распоред на натпреварите во Групата Х. Сите средби од групата ќе се играат во арената „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург, еден од домаќините на мундијалот во Германија.

Избраниците на македонскиот селектор Лазаров првиот натпревар ќе го одиграат на 15 јануари против Јапонија, а два дена подоцна ќе се соочат со Бахреин. Последниот натпревар од групната фаза ќе биде против Исланд на 19 јануари.

Распоред на натпреварите во Група Х:

15 јануари 2027
Македонија – Јапонија
Исланд – Бахреин

17 јануари 2027
Јапонија – Исланд
Македонија – Бахреин

19 јануари 2027
Исланд – Македонија
Бахреин – Јапонија

Доколку Македонија обезбеди место во главната фаза, тогаш ќе вкрсти со репрезентациите од Групата Г, каде што се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола.