Распоред на ЕП 2026: Отвораме со светскиот првак, па следат другите

Македонија ќе игра со ДанскаПортугалија и Романија. Сите мечеви од групата Б се играат во Хернинг, а најдобрите две селекции одат во следната фаза, која исто така се игра во данскиот град Хернинг.

Македонија своите натпревари ќе ги игра на 16, 18 и 20 јануари во салата „Јуске Банк Боксен“. Првиот меч на турнирот е против светскиот првак Данска, а два дена подоцна следи меч со Романија. За крај на групната фаза е мечот со Португалија. Саатниците дополнително ќе бидат утврдени.

Данска е апсолутен фаворит во нашата група, со Португалија имаме меѓусебни мечеви, но уштет немаме победа, додека Романците се наш стар познаник и селекција со која можеме да се носиме рамноправно.

Европското првенство во Норвешка, Данска и Шведска ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.