Распад на Татран, Спортинг среде Прешов славеше со 15 разлика 

По убедливиот триумф над македонскиот вицешампион Еурофарм Работник, екипата на Спортинг запиша нова голема победа во Лигата на шампионите. 

Во рамките од осмото коло од групата Ц, португалскиот тим славенички ја напушти Словачка, откако на гости кај Татран Прешов славеше моќна победа од дури 15 гола разлика (22-37). 

„Зелено-белите“ уште од самиот почеток на мечот наметнаа стил на игра кој беше недостижен за избраниците на Голужа. По само 15 минути игра, Спортинг се одлепи на пет гола разлика, а на полувреме замина со водство од 10-16. Во вториот дел следуваше нова офанзива на гостите и тотален распад на домашната екипа. Татран играше непрепознатливо и како да чекаше што побрзо да заврши мечот, а Спортинг тоа го казни и стигна до убедлива победа 15 гола разлика. 

Јонеа и Роча со по седум гола беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај Татран прв стрелец беше Урбан со шест гола. Сега Спортинг изби на второто место со реални шанси за пласман во следната фаза. Домашниот натпревар со Савехоф веројатно ќе биде одлучувачки за едно од првите две места за кои се борат португалски и шведскиот претставник, како и лидерот Бидасоа Ирун од Шпанија. 

Во рамките од ова коло, Еурофарм Работник својот меч го игра в недела, пред својата публика против Савехоф. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6