• Зоран Мишевски

Победата на ЖРК Вардар вчера со ЦСМ Букурешт е голем чекор напред во плановите на македонскиот првак, а гостите од Романија не го кријеа разочарувањето по поразот. Тренерот Расмунсен најмногу жали што екипата не беше комплетна за мечот во Скопје.
„Разочаран сум, бидејќи Вардар го доби овој изедначен меч. Имавме многу повреди па некои играчи мораа да играат повеќе од што треба. Тие имаа повеќе енергија и затоа победија. Разочарани сме што не освоивме еден поен, мислам дека заслуживме барем нерешено. Вардар одигра добро, постигна важни голови во вистинското време. Нам сега ни останува да тренираме напорно цела недела и да се спремаме за следниот меч, се надевам дека тогаш ќе бидеме комплетни“, истакна тренерот на ЦСМ Букурешт, Данецот Расмунсен.
Иако Вардар не ги „прегази“, Романките недостатокот на среќа го апострофираат факторот среќа како клучен за победникот.
„Сакам да му честитам на Вардар, беше тежок меч и двете екипи имавме падови и подеми, имавме и водство и губевме, но на крајот немавме доволно среќа“, рече Јелена Грубишиќ, ракометарката на ЦСМ Букурешт.
На 17. јануари во Подгорица, европскиот првак Будуќност ќе биде следниот противник на вардарки во Лигата на шампионите.