• Саше Љолес
Ракометарите на Мелсунген ќе се соочат со гигантот Кил во големото финале на Европската лига на ЕХФ, откако беа подобри од екипата на Флензбург со конечен резултат 37-30.
Во првото полувреме видовме прилично израмнета игра, Мелсунген имаше само гол предност (15-14), но нештата се сменија во вториот дел, кога Флензбург го загуби здивот и дозволи голема серија на ривалот кој максимално го искористи моментумот.
Имаше Мелсунген во неколку наврати седум голови позитива, не дозволувајќи никакво изненадување до крајот на мечот.
Завршните минути беа чиста рутина за победничкиот состав, во кој најдобар поединец беше екс-вардарецот Данис Криштопанс со девет голови, а на спротивната страна, осум погодоци запиша Симон Питлик.
Мечот за бронзениот медал во Европската лига се игра утре во 15:00 часот, а големото финале започнува три часа подоцна



