• Саше Љолес

Ракометарките на Есбјерг попладнево ја совладаа екипата на Брест Бретања со резултат 27-24 и со вкупна победа од 55-49 се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионките, каде ќе се сретнат со романски ЦСМ Букурешт.
Реистард и Транборг беа најдобри кај победничкиот состав со 6, односно пет погодоци, додека кај Брест прво име беше Швеѓанката Карлсон со пет голови. Ејсберг првиот меч против Букурешт ќе го одигра на 29 април.
Во вториот денешен дуел се сретнаа Рапид Букурешт и Крим Љубљана кои приредија голема драма, романскиот тим го загуби првиот меч со пет голови разлика (29-24), но денес со гол во последната минута успеаја да ја надополнат негативата и победија минимално со 30-24, за големо славје и пласман во четвртфиналната фаза каде ќе се соочат со тимот на Кристианштад.
Најефикасни кај Крим Меркатор беа поранешната „вардарка“, Јованка Радичевиќ и Русинката Дмитриева со по пет постигнати голови, додека кај победничката екипа се истакнаа Холанѓанката Полман со осум голови, а домашната ракометарка Грозав забележа уште шест.