ФОТО: Раководството на РФМ спремно да навива – „Со срце, за Македонија!“

Ракометарите се подготвуваат за старт на дуелот против Турција кој се игра во Ешкишехир, а едни од „навивачите“ на трибините ќе бидат челните луѓе на Ракометната федарација на Македонија (РФМ).

Претседателот Живко Мукаетов во ВИП-ложата е заедно со Генералниот сектретар Филип Милошевски. Во друштво на пријатели и соработници, ќе навиваат за Македонија. Тоа го потврдија со фотографија, над која стои „Со срце, за Македонија!“.

Нашите ракометари се големи фаворити на гостувањето во Турција, а триумф ќе не донесе на чекор до посакуваното прво место во групата кое носи и подобра ждрепка за наредните Европски првенства.

Македонската ракометна репрезентација од 2014 година е учесник на сите големи натпреварувања и се наоѓа на чекор до петто Европско првенство по ред.