Ракотеа му откажа на Вардар, заминува во амбициозен клуб од Франција

Романскиот ракометар Дан Ракотеа требаше да биде едно од новите засилувања на Вардар, меѓутоа по последните турбуленции поврзани со иднината на „црвено-црните“, тој ќе ја продолжи кариерата во Франција.

Левиот бек требаше да дојде на местото на Вуко Борозан како позајмен од редовите на Веспрем со кого се договори за наредната сезона по барање на Врањеш, меѓутоа, нема да дојде до такво нешто, затоа што тој веќе стапил во преговори со амбициозниот француски тим Шартр.

Ракотеа ќе оди во Франција исто така како позајмен, а Шартр цели високо, затоа што обезбеди место во најквалитетната ракометна лига во земјата. Доказ за високите амбиции на тимот се и најавите дека како тренер ќе се донесе Маноло Каденас.