• Мартин Танасковски
Германскиот ракометен гигант Флензбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа долгорочни договори со клубот до 2032 година.
Со доаѓањето на браќата Кошта, Флензбург не добива само двајца врвни ракометари, туку и тандем кој со години настапува заедно и одлично се надополнува на теренот. Заедно со Французинот Ајмерик Мин, во бековската тројка на Флензбург за следната сезона се гледа како една од најдобрите во светот. Барем на хартија, а на терен останува да видиме како ќе се покажат.
Двајцата Португалци веќе се докажаа на највисоко ниво, како во клупскиот ракомет, така и во дресот на португалската репрезентација, а нивниот трансфер претставува јасен показател за високите амбиции на германскиот клуб.
Воедно, потписите на Мартим и Кико Кошта ја потврдуваат и долгорочната стратегија на Флензбург, кој сака да изгради конкурентен тим способен да се бори за најголемите трофеи во Германија и Европа во наредните години.
