• Горан Упале
Ракометните надежи на Еурофарм Пелистер испишаа историја и во премиерното издание на младинската Лига на шампиони ќе играат на фајнал-фор завршницата во Келн.
„Зелено-белите“ одиграа квалитетен квалификациски турнир во Букурешт и со победите над Киелце и Динамо се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Веднаш по синоќешното славје во финалето, младинците на македонскиот шампион се упатија за Битола, а таму беа пречекани од неколку стотици фанови, како и од раководството на клубот.
На завршницата во Келн уште се пласираа екипите на Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме.




