Ракометниот Суперкуп меѓу Металург и Вардар во Куманово!

На местото каде ланската сезона го извојува најголемиот триумф и го приреди најпријатното изненадување во мак-ракометната сезона, екипата на Металург ќе го предизвика големиот Вардар во Суперкупот на Македонија

Во ланското финале од националниот Куп, Металург не се предаде против фаворизираниот Вардар и по изведувањето на пеналите го грабна Куп-трофејот, а на „среќниот“ терен во Куманово идната недела ќе проба со нова сензација да ја отвори новата сезона. 

Суперкуп дуелот меѓу шампионот Вардар и освојувачот на Купот, Металург, РФМ се реши да го организира во Куманово на 18- ти овој месец со почеток од 18:30 часот.

Металург новата сезона ја започна со победа во Суперлигата над Металург 2, додека Вардар во СЕХА го совлада Пекинг, но беше поразен на гости кај Мотор Запорожје